Македонија Иванов ќе се обрати на свечена академија по повод празникот Свети Климент...

Иванов ќе се обрати на свечена академија по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе има свое обраќање на свечената академија во Македонскиот народен театар (МНТ) по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски, соопштија од кабинетот на Иванов.

Во рамките на свечената академија, Иванов ќе го одликува професорот на теолошкиот факултет, Јован Таковски, со „Медал за заслуги за Македонија“.

„Одликувањето на проф. Таковски му се доделува за постигнатите исклучителни резултати во неговата долгогодишна научна, образовна и книжевна дејност во областа на богословските науки, со што даде значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот“, стои во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.