Македонија Иванов и Ал Сиси се договориле за меѓуармиска соработка

Иванов и Ал Сиси се договориле за меѓуармиска соработка

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Каиро се сретна со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах ал Сиси, со кој разговарал за воспоставената соработка меѓу разузнавањето и безбедносните служби на двете држави со потреба од градење на заеднички капацитети за одговор во борбата против тероризмот, намалување на ризиците од илегалната миграција, електронското војување и сајбер-одбраната.

„Во тој контекст, претседателите се согласија и за почнување на меѓуармиска соработка за размена на искуства и трансфер на знаење во меѓународни мировни мисии, користење на логистички капацитети и едукација на кадар за примена на напредни технологии. Македонскиот претседател изрази благодарност до египетскиот претседател за поддршката и за помошта што Македонија ја добива од Египет во областа на разузнавањето, истакнувајќи дека Египет како земја лидер и гарант на стабилноста во регионот на Северна Африка е важен пријател и партнер на Македонија, и дека тоа пријателство и партнерство ќе продолжи и во иднина“, информираат од кабинетот на Иванов.

Двајцата претседатели разговарале и за унапредување на правната рамка на двете држави, економско-трговската размена и за соработката во областа на културата и на туризмот.