Македонија Иванов го разреши заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање

Иванов го разреши заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го разреши заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили.

Според „Алсат-М“, револтот кај вработените Албанци во Агенцијата за разузнавање е голем и тие не ја прифаќаат одлуката на претседателот за разрешување на заменик-директорот. Ваквиот потег на Иванов се доживува како одмазда кон ДУИ, која ги бојкотираше последните претседателски избори.

Во оваа институција, со новата систематизација, предвидена од претседателот, во чија ингеренција е Агенцијата, не е предвидена функција заменик-директор.

Досегашниот заменик-директор на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, во ова институција почна со работа во 1999 година, а од 2003 година ја извршуваше функцијата заменик-директор.