Дописници Иванов денеска на Плаошник ќе ги додели инженерските прстени

Иванов денеска на Плаошник ќе ги додели инженерските прстени

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти од инженерските факултети.

Церемонијата на доделувањето на признанието ќе се одржи на платото пред Светиклиментовиот храм „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, со почеток во 19 часот.

Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ се одржува секоја година во Охрид, во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.