Македонија Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на Србија, Николиќ

Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на Србија, Николиќ

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Битола ќе се сретне со српскиот претседател, Томислав Николиќ.

Николиќ е во работна посета на Македонија како дел од одбележувањето на 100-годишнината од битката на Кајмакчлан за време на Првата светска војна.

За таа цел Николиќ престојуваше и во Грција.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција. Николиќ ќе положи цвеќе на српските воени гробишта во Битола.