Македонија Иванов денеска ќе присуствува на погребот на Жељу Желев

Иванов денеска ќе присуствува на погребот на Жељу Желев

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе присуствува на погребот на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев, кој почина во петокот.

Желев во 2010 година беше одликуван од претседателот Иванов со орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија.

Во писмото со сочувство од претседателот Иванов, испратено до бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, се наведува дека Желев бил докажан пријател на Македонија, но и негов личен пријател.

– Македонија никогаш нема да ја заборави неговата улога во процесот на меѓународното признавање под нејзиното уставно име. Ние остануваме благодарни за неговиот личен придонес во воспоставувањето, развојот и во зацврстувањето на односите, меѓусебното почитување и разбирање меѓу нашите две држави и народи“, се вели во писмото.

По завршувањето на претседателската функција, Желев го предводеше Балканскиот политички клуб, во чија работа активно беше вклучен и претседателот Иванов.