Македонија Иванов денеска и утре на Самит на шефови на држави и влади...

Иванов денеска и утре на Самит на шефови на држави и влади на ЈЕ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета во Бугарија, по повод учеството на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Предвидено е Иванов денеска да оствари средба со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, а за утре најавена е средба и со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Во Софија се одржува Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Самитот се одржува во рамки на бугарското претседателство со оваа регионална иницијатива.