Македонија Иванов денеска го прими албанскиот спикер Мета

Иванов денеска го прими албанскиот спикер Мета

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Илир Мета, претседател на Собранието на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Македонскиот претседател и претседателот на албанското собрание ја истакнале потребата од понатамошно унапредување на економската соработка помеѓу двете земји, особено во областа на трговијата, туризмот и на инфраструктурата, констатирајќи дека тоа е од заеднички интерес.

На средбата била истакната и потребата за заедничка посветеност за забрзување на реализацијата на тековните инфраструктурни проекти кои вклучуваат патна, железничка и енергетска инфраструктура, во рамките на Коридорот 8.