Видео Итра лисица си прави сендвич

Итра лисица си прави сендвич

Лисиците се познати како итри и паметни животни, но досега не е познато дека се вешти во правење сендвичи.

Снимката што ја направила екипата на „Слободна Европа“ во Чернобил, дава сосема поинакво значење на итроста на лисицата.

Додека биле во посета на градот во кој се случила нуклеарната катастрофа, новинарите наишле на лисица на која ѝ фрлиле неколку парчиња леб и месо.

Наместо да ги изеде веднаш, итрата лисица уредно ги поставила двете парчиња месо меѓу трите парчиња леб и си направила сендвич.