Македонија Истражување: Голем дел од јавните набавки во општините во Скопскиот регион се...

Истражување: Голем дел од јавните набавки во општините во Скопскиот регион се без огласи

Истражувањето на јавните набавки на локалните самоуправи во Скопскиот регион, за 2017 година покажaло дека има рекордно ниско ниво на јавни набавки.

Резултатите од мониторингот на јавните набавки на локалните самоуправи во Скопскиот регион, спроведени во проектот „Зајакнување на транспарентноста и отчетноста на општините при трошењето на јавните средства“, на ЗЕН – Здружението на економски новинари покажуваат дека, склучени се 809 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 2,15 милијарди денари односно 35 милиони евра.

„Локалните самоуправи односно големиот дел од нив не успеваат да достигнат високо ниво на реализација на планот за јавни набавки. Загрижувачки е фактот што поголемиот број на општини во Скопскиот плански регион немаат воспоставен систем за следење на реализацијата на склучени договори. Кај 10 општини беше утврдено високо ниво на присуство на дискриминаторски елементи во тендерските документации – кои можат да ја ограничат конкуренцијата. Ограничувачките односно дискриминаторски елементи се клучен елемент кој може да влијае на намалување на бројот на добиени понуди по објавен оглас“, вели Бети Деловска за презентација на наодите.

Таа додаде дека кај две општини забележано е високо ниво на учество на една фирма во вкупните набавки.

„Во Скопскиот плански регион кој опфаќа вкупно 18 општини, за 2017 година година поништени се вкупно 179 постапки делумно или целосно, што значи дека е поништена секоја четврта постапка објавена во 2017 година. Склучени 33 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 1,36 милиони евра. Дури 12 милиони, односно 40 проценти од вкупната вредност на овие договори припаѓа на Градот Скопје“, потенцира Деловска.