Македонија Истражувачки новинар од Холандија одржа предавање на Правен факултет

Истражувачки новинар од Холандија одржа предавање на Правен факултет

Холандскиот новинар и професор по новинарство Лук Сенгерс, денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ пред студентите по новинарство одржа предавање на тема „Истражувачко новинарство базирано на јавна расправа“. На предавањето присуствуваа околу 50 студенти по новинарство од универзитетите во Скопје и во Штип.

Професорот Сенгерс ќе одржи уште две предавања во Скопје на Универзитетот ФОН и Универзитетот за туризам. Предавањата ги организираше Центарот за истражувачко новинарство „СКУП Македонија“.

На студентите им беа поделени прирачници за истражувачко новинарство.

Сенгерс предава на Универзитетот во Амстердам и на „Томас Мор“ – Универзитет за применети науки во Мехелен. Со поддршка од Марк Ли Хантер и од УНЕСКО, има развиено приказна базирана на јавна расправа  (www.storybasedinquiry.com), која, како што вели, е системски и ефикасен начин за водење истраги.