Свет Балкан Историска посета на српскиот премиер Александар Вучиќ на БИХ

Историска посета на српскиот премиер Александар Вучиќ на БИХ

Српскиот премиер Александар Вучиќ, заедно со членовите на Владата на Србија, беше дочекан пред зградата на Парламентарното собрание на БИХ во Сараево, со највисоки воени и државни почести. По дочекот, почна седница на двете влади.

Посетета на српската делегација, која синоќа допатувала во Сараево, е проследена со засилени безбедносни мерки, има присуство на голем број припадници на полицијата, а институциите ги надлетуваат и хеликопетри.

Како што е најавено, двете влади ќе потпишат четири договори за соработка во барањето исчезнати лица, меморандум за разбирање во областа на телекомуникациите, протокол за соработка на зачувување на мостот Мехмед-паша Соколовиќ, како и договор за заштита на животната средина и одржлив развој.