Македонија Истепан и ограбен бегалец од Ирак

Истепан и ограбен бегалец од Ирак

Непознати лица синоќа во близина на железичката станица во Демир Капија претепале и ограбиле бегалец од Ирак.

„К.Ф.(26) од Ирак додека спиел, бил физички нападнат со тупаници и со клоци по телото и по главата, при што му одзеле еден мобилен телефон и 50 евра. Извршен е разговор во присуство на родител со едно лице на возраст од 16 години за кое постои сомнеж дека е инволвирано во настанот, а се работи на утврдување дали евентуално и други лица учествувале во нападот. По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.