Македонија Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени

Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени

Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица

Фото: Архива, Пожарна - Пробиштип

Центарот за управување кризи (ЦУК) информираше дека вчера била отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница.

Од РЦУК Штип велат дека пожарникарите од Виница од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица.

„Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас“, велат од ЦУК.