Свет Балкан Истанбул: Уапсени 15 членови на ИД

Истанбул: Уапсени 15 членови на ИД

Петнаесет членови на џихадистичката група Исламска држава се уапсени во операција што турската антитерористичка единица ја спроведе на 28 локации во истанбулските квартови Багџалар и Башкашехир.

Весникот „Хуриет дејли њуз“ јавува дека во операцијата се запленети пет автоматски пушки.

Турските власти ги засилија акциите против членовите на ИД по двата самоубиствени бомбашки напади во Анкара, во кои загинаа повеќе од 100 луѓе.