Економија Исплатена отштета од 29,9 милиони денари на поплавените од струмичкиот регион

Исплатена отштета од 29,9 милиони денари на поплавените од струмичкиот регион

Владата денеска ги исплати парите за отштета од поплавите во Струмица. На 394 лица им се исплатени 29,9 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.

Исто така, исплатени се 527.000 денари на граѓаните во Градско и 489.000 денари на граѓаните од Чешиново-Облешево.

Досега се исплатени вкупно 144,24 милиони денари на 2.218 оштетени од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена и на граѓаните од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово, Кривогаштани, Велес, Пробиштип и од Штип.

Исплатата на отштетата од поплавите ќе продолжи.