Македонија Исплатена оштетата за поплавените од Босилово

Исплатена оштетата за поплавените од Босилово

Владата им исплати 14 милиони денари на 250 земјоделци од Босилово, како отштета за поплавите во јануари и во февруари годинава.

Оштета од поплавите досега е исплатена на домаќинствата и на земјоделците од Могила, Новаци и од Демир Хисар.

Владата одлучи стопроцентно да ги обесштети земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и во февруари годинава, како и да преземе мерки за обнова на оштетената инфраструктура, патиштата, водоводните системи и на малите брани.