Свет Исламска држава досега убила 2.000 цивили во Сирија

Исламска држава досега убила 2.000 цивили во Сирија

Џихадистите на Исламска држава за 18 месеци, откако прогласија калифат, убиле 2.000 цивили во Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човековите права со седиште во Лондон.

Според податоците на опсерваторијата, околу 930 лица од убиените биле од племето Шеитат, додека 420 лица се членови на екстремистичката организација, претежно странски борци, кои биле ликвидирани под обвинение за шпионажа или обид за дезертерство.

Меѓу убиените има и повеќе од 100 војници и претставници на провладината полиција, како и 253 бунтовници.