Свет Свет Исламска држава погубила 3.000 луѓе во Сирија за една година

Исламска држава погубила 3.000 луѓе во Сирија за една година

Сунитските екстремисти од Исламска држава, откако прогласија калифат, погубија најмалку 3.000 луѓе во Сирија и во Ирак, поголемиот број цивили, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Според нивните податоци, од 29 јуни 2014 година, погубени се точно 3.027 лица. Меѓу убиените, 1.787 се цивили, од кои 74 се деца.

Помеѓу жртвите се и цивилите кои неодамна беа убиени во Кобане, градот кој се наоѓа на границата со Турција.

Исламска држава оваа недела погуби 223 лица, а 143 џихадисти се убиени.