Свет Исламска држава ликвидирала 30 луѓе поради содомија

Исламска држава ликвидирала 30 луѓе поради содомија

Шефицата на меѓународната организација за правата на хомосексуалците на Советот за безбедност на ОН рекла дека екстремистичката организација Исламска држава ликвидирала 30 луѓе поради содомија.

Советот на безбедноста денес за прв пат во својата историја се состана поради рагледување на правата на хомосексуалните лица.

Амбасадорката на САД во ОН, Саманта Пауер, тој состанок зад затворени врати го нарече историски.

Извршната директорка на Меѓународната комисија за човековите права на хомосексуалците и лезбејките, Џесика Стерн, рекла дека судовите на ИД содомијата ја казнуваат со каменување, стрелање, отсекување глави и фрлање на луѓе од високи згради.