Свет Европа Исламска држава ѝ се закани со напад на Велика Британија

Исламска држава ѝ се закани со напад на Велика Британија

Закани за напади во Велика Британија на 7 јули упатила Исламска држава.

На 7 јули навршуваат десет години од бранот напади во лондонскиот транспортен систем. На тој датум во 2005 година, четворица британски државјани од пакистанско потекло се разнесоа во метрото и во автобус на градскиот транспорт во Лондон. Убиени беа 52 лица, а повредени 700.
Одговорноста за тогашниот напад ја презеде Ал каеда.