Свет Исламска држава го нарече Ердоган предавник

Исламска држава го нарече Ердоган предавник

Исламската држава го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предавник затоа што дозволил Американците да користат воздухопловни бази за напад против таа екстеремистичка организација.

Во видео порака објавена на „Твитер“, Исламската држава ги повика муслиманите во Турција да ја поддржат и да се борат против крстоносци, тирани и атеисти.

На снимката се гледаат борци на Исламската држава во друштво на уште двајца кои говорат на турски јазик и го обвинуваат Ердоган што дозволил САД да го бомбардира муслиманскиот народ.

Минатата недела во турската воздухопловна база донесени шест борбени авиони Ф-16 кои учестуваат на мисиите против ИД во Сирија.