Свет Исламска држава го нападна ирачкиот град Киркук

Исламска држава го нападна ирачкиот град Киркук

Најмалку шест лица загинаа во нападите на северозападниот ирачки град Киркук, јавуваат светските медиуми.

Исламистите зазеле дел од градот наречен Мактаб Калиф, по борбите со силите Пешмарга. Меѓу загинатите е и генералот на овие воени сили, Шерко Фетиј.

Исламистите околу полноќ почнаа со напади во јужниот и во северниот дел на градот, а изутринава борбите продолжија.

Локалните медиуми јавуваат дека 46 лица се повредени, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми доколку ситуацијата не се стави под контрола.