Uncategorized Исламисти врзале заробеници за столб и живи ги запалиле

Исламисти врзале заробеници за столб и живи ги запалиле

Припадници на Исламска држава убиле тројца заробеници во сирискиот древен град Палмира, така што ги врзале за столб, а потоа ги разнеле со експлозивна направа, објавија светските новински агенции.

Уште не е познат идентитетот на убиените, за кои се смета дека се први кои се убиени на тој начин од почетокот на џихадистичката окупација на Палмира во мај оваа година.

Пред две месеца во Палмира, која важи за еден од најзначајните културни центри на античкиот свет, исламистите уништија два храма стари 2.000 година, триумфална порта и гробница.

Милитантите на ИД ги сметаат таквите споменици за симболи на идолопоклонство.