Македонија Искршен штаб на СДСМ на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов

Искршен штаб на СДСМ на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов

Непознат сторител вчера, помеѓу 1 и 12.30 часот, ги искршил стаклата од излогот и од влезната врата на штаб на СДСМ на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, соопшти полицијата. Таа извршила увид и се работи на пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.