Македонија Искршен месниот штаб на СДСМ во Бутел

Искршен месниот штаб на СДСМ во Бутел

Синоќа во населбата Расадник, во општина Бутел, бил искршен месниот штаб на СДСМ Бутел, информираат од партијата.

„Непознати сторители ги искршиле прозорците и влезната врата на штабот, ги искинале постерите и ја оштетиле светлечката реклама. Утрово повикана е полиција и во моментов се прави увид од местото на настанот“, се додава во соопштението на СДСМ.