Свет ИСИС уби 150 жени во Фалуџа

ИСИС уби 150 жени во Фалуџа

Турските медиуми пренесуваат дека Исламската држава погубила најмалку 150 жени кои одбиле да се омажат за џихадисти во Ирак.

Во соопштението на ирачкото министерство за човекови права се наведува дека терористите нападнале жени во северната ирачка провинција Ал-Анбар, по што ги ликвидирале и погребале во масовна гробница во Фалуџа.

„Најмалку 150 жени, вклучувајќи и трудници, се убиени во Фалуџа. Убиецот е џихадист по име Абу Анас ал-Либи, кој тоа го направил бидејќи одбиле да се омажат за џихадисти. Многу семејства се принудени да побегнат од градот Ал-Вафа, по што неколку стотини луѓе добиле закани со смрт“, стои во соопштението.