Видео ИСИС нападна воздухопловна база на сириската војска

ИСИС нападна воздухопловна база на сириската војска

Припадниците на Исламска држава вчеравечер ја нападнаа последната поголема сириска воздухопловна база на истокот на земјата, соопшти сириската Организација за набљудување на човековите права.

Борбата за базата кај градот Деир ез Зор, на реката Еуфрат, почна со самоубиствен бомбашки напад на околните позиции на сириската војска, соопшти организацијата со седиште во Лондон.

Во судирите загинаа 19 припадници на државните сили и седум бунтовници.

ИСИС веќе ја контролира речиси целата провинција Деир ез Зор.