Uncategorized Исчезнувањето на „Малезија ерлајнс“ и официјално е несреќа

Исчезнувањето на „Малезија ерлајнс“ и официјално е несреќа

Малезиските власти денеска официјално го прогласија исчезнувањето на патничкиот авион на својата компанија за несреќа, со што е дадена законска основа за барање оштета.

Потрагата на авионот на „Малезија ерлајнс“, исчезнат на осми март минатата година над Индиски Океан за време на летот од Куала Лумпур за Пекинг, „останува приоритет“, соопшти официјален претставник на цивилното воздухопловство, Азхарудин Абдул Рахман.

– Со најголема тага и со најдлабоко жалење го прогласуваме падот на „Малезија ерлајнс МХ370“ за несреќа – рече Рахман и додаде дека сите 239 патници и членови на екипажот се сметаат за жртви на несреќата.