Хроника Исчезна 17-годишно девојче од Куманово

Исчезна 17-годишно девојче од Куманово

Седумнаесетгодишно девојче од Куманово е пријавено дека вчера утрото го напуштило домот и оттогаш не се вратило.

Според МВР, откако во 7 часот утрото заминала од домот, девојката не се вратила, а ѝ се губи и секоја трага.

По неможноста сами да го најдат детето, таткото А.К. (49) го пријавил случајот кај надлежните власти во Куманово.

СВР Куманово превзема мерки за да го пронајде девојчето.