Свет Иран и САД решија 90 отсто од прашањата за иранската нуклеарна програма

Иран и САД решија 90 отсто од прашањата за иранската нуклеарна програма

Иран и САД усогласија 90 отсто од техничките прашања во билатералните разговори во Лозана за иранската нуклеарна програма, соопшти претставникот на Иран.

Шефот на иранската организација за нуклеарна енергија, Али Акбар Салехи, рече дека Иран и САД усогласиле 90 отсто од техничките прашаања во преговорите со секретарот на САД за енергија, Арнест Мониз.

– За повеќето прашања постигнавме договор, разлики постојат само за едно важно прашање, кое ќе се обидеме да го решиме на вечерашната средба на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Јавад Зарифи, со американскиот државен секретар, Џон Кери – рече Салехи.