Свет Иран и Русија се пазарат за оружје вредно 10 милијарди долари

Иран и Русија се пазарат за оружје вредно 10 милијарди долари

Иран и Русија се во преговори за воена зделка тешка околу 10 милијарди долари, известува агенцијата „Ројтерс“. Планот е Москва да испорача на Техеран тенкови „т-90“, артилериски системи, авиони и хеликоптери. Шефот на руската одбрана и безбедност, Виктор Озеров, во рускиот парламент ги извести новинарите дека можната зделка со Иран ќе биде потврдена за време на посетата на Иран.

Пред една година, Русија и Иран потпишаа договор со кој е предвидено Москва да му испорача на Техеран ракетен систем „с-300“, а во април годинава, Иран ја доби првата испорака на ракетниот систем.