Свет Ирак: 15 загинати во самоубиствени напади

Ирак: 15 загинати во самоубиствени напади

Најмалку 15 лица загинаа, а 22 се повредени во нападите на пет бомбаши-самоубијци во ирачка воена база, северно од главниот град Багдад.

Двајца бомбаши-самоубијци детонирале бомби поставени на автомобили кај капијата на кампот Спичер, поранешна американска база во сунитското предградие на Тикрит, изјави неименуван безбедносен извор.

Тројца бомбаши-самоубијци детонирале експлозив откако влегле во базата, навел безбедносниот извор.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.