Свет Ирак: 14 загинати во судирите на војската со припадници на ИД

Ирак: 14 загинати во судирите на војската со припадници на ИД

Најмалку 14 лица загинаа во судирите на ирачките безбедносни сили со припадници на Исламска држава во Анбар и во Салахудин, соопштија ирачките воени власти, додавајќи дека ирачките сили на копно биле поддржувани и од воздухопловните сили.

Локалните медиуми јавуваат дека најжестоки борби изутринава се воделе во Сидикија и во Тал Машејда, источно од градот Рамади, при што загинале тројца ирачки војници, пет припадници на провладините паравоени групации, а девет борци се ранети.

Засега нема извештаи за загинати и за ранети џихадисти.