Свет Ирачките сили целосно ја вратија контролата над Рамади

Ирачките сили целосно ја вратија контролата над Рамади

Ирачките сили за безбедност ја вратиле контролата врз градот Рамади, откако од него се повлекоа припадниците на екстремистичката организација Исламска држава, соопштија ирачките власти.

Ирачкото министерство за внатрешни работи исто така соопшти дека патот од Рамади до Багдад, исто така, повторно е под владина контрола.

– Ирачките сили за безбедност ја повратија контролата врз градот, но екстремистите во него оставија илјадници експлозивни направи. Опасноста од екстремистички напади и понатаму останува висока – рече полковник Стив Ворен, портпарол на меѓународната коалиција против Исламска држава.