Свет Ирачката војска го зазеде аеродомот во Мосул

Ирачката војска го зазеде аеродомот во Мосул

Ирачките сили за безбедност го зазеле главниот аеродром во Мосул и околната воена база, јави државната телевизија.

„Силите за брзо дејствување, сојузната полиција и антитерористилките групи упаднаа во аеродромот и во околната база Газлани“, јави телевизијата.

Откако минатиот месец ги истераа милитантите од источниот дел на Мосул, ирачките сили се обидуваа да го освојат аеродромот и базата Газлани, во јужниот дел на градот.

Ирачките сили веќе ги потиснале припадниците на Исламска држава од источниот дел на градот. Повеќе од 160.000 лица од Мосул и од околината ги напуштија своите домови.