Свет Балкан ИОМ: Годинава 409 бегалци се удавиле во Медитеранот

ИОМ: Годинава 409 бегалци се удавиле во Медитеранот

Во првите шест недели од годинава, 409 лица се удавиле во Средоземно Море во обид да дојдат до подобар живот во Европа, соопшти денеска Меѓународната организација за миграции (ИОМ), додавајќи дека бројката е речиси десетпати поголема во споредба со истиот период минатата година.

ИОМ наведува дека од 1 јануари годинава па досега, во Европа по морски пат стигнале 76.000 лица, односно дека дневно доаѓаат по 2.000 луѓе.