Свет Интерпол спроведе акција во 47 земји и заплени 2.500 тони расипана храна

Интерпол спроведе акција во 47 земји и заплени 2.500 тони расипана храна

Меѓународната полициска организација соопшти дека во голема операција на Интерпол, спроведена заедно со Европол, во 47 земји во светот се конфискувани 2.500 тони расипана храна и пијалаци или фалсификати.

Меѓу конфискуваната храна има сушено овошје, масло за пржење, моцарела, јагоди, јајца и многу други прехранбени производи.

Во операцијата поголем број луѓе се уапсени, но нивната бројка сè уште не се соопштува.