Македонија Интересот за вакцинација опаѓа, вчера биле аплицирани 4.953 дози вакцини против ковид-19

Интересот за вакцинација опаѓа, вчера биле аплицирани 4.953 дози вакцини против ковид-19

Фото: Мета.мк

Бројот на граѓани кои се вакцинираат против ковид-19 опаѓа во земјава. Во текот на вчерашниот ден аплицирани биле 4.953 дози вакцини, од кои само 1.282 биле аплицирани како прва доза, додека 3.064 вчера биле ревакцинирани. Вчера 67 граѓани примиле трета доза вакцина против ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Досега во земјава биле ревакцинирани 43,5 отсто од полнолетните граѓани. Заклучно со 28 септември, вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани. 52 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47 отсто, а со две дози опфатени се 43,5 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.