Главна секција Интензивно се чистат трагите од „Шарена револуција“

Интензивно се чистат трагите од „Шарена револуција“

Скулптурите на лавови што се наоѓаат на почетокот на мостот Гоце Делчев и кои на 23 април годинава беа обоени од припадници на „Шарена револуција“, деновиве интензивно се чистат.

Два од нив се веќе исчестени, а другите два се покриени и чистењето е во тек.

Поголем број споменици и институции оваа пролет беа обоени како заштитен знак на протестите организирани од „Шарена револуција“, кои почнаа откако претседателот на државата, Ѓорге Иванов, амнестираше поголема група луѓе, меѓу кои и членови на владејачката партија осомичени за криминал.

Еве како изгледаа лавововите по боењето:

Еве какви се денеска: