Економија Индустриското производство зголемено за 8,7 проценти во однос на лани

Индустриското производство зголемено за 8,7 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првиот квартал од годината е зголемено за 8,7 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во април во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 10,2 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 9,4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 29,5 проценти.

Индустриското производство во април во однос на истиот месец лани е поголемо за 3,6 проценти.