Економија Индустриското производство зголемено за 5 проценти во однос на лани

Индустриското производство зголемено за 5 проценти во однос на лани

Индустриското производство, во првите девет месеци годинава, е зголемено за пет проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Во септември зголемувањето изнесувало 4,5 проценти во однос на истиот месец лани.

Индустриското производство е зголемено во секторот рударство и вадење на камен од 4,7  проценти, во преработувачка индустрија има пораст од 3,6 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19,2 проценти.