Економија Индустриските цени пониски за 5,1 отсто на годишно ниво

Индустриските цени пониски за 5,1 отсто на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември, вкупно, се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво, а за 5,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 3,8 отсто и во секторот преработувачка индустрија за 5,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1 процент.