Дописници Илјадници граѓани на протест во Тирана поради законот за отпад

Илјадници граѓани на протест во Тирана поради законот за отпад

Илјадници граѓани активисти на еколошки движења вчера одржаа протест
пред седиштето на владата во Тирана, од каде го изразија своето незадоволство од законот
со кој се доволува увоз, складирање и рециклирање на отпад од странство во Албанија.

Учесниците на протестот извикуваа пароли против складирањето отпад од странство во земјата и изразија стравување дека Алабнија би можеле да се претвори во депонија за странски смет.

Протестот е рекација на законот за увоз и за пререботка на отпад што албанскиот парламент го усвои минатиот месец.

Сличен закон беше донесен во 2011 година, но актуелната влада го поништи набргу по
стапувањето на должноста во 2013 година.

Новата верзија на законот содржи неколку измени во однос на верзијата од 2011 година.
Владата сега тврди дека станува збор за рециклирање на неопасен отпад, нагласувајќи дека
тое е во согласност со европските стандарди.