Подглавна секција Илјадници Руси му оддадоа последна почит на Михаил Горбачов, Путин не присуствуваше...

Илјадници Руси му оддадоа последна почит на Михаил Горбачов, Путин не присуствуваше на погребот

Фото: Михаил Горбачов / Wikimedia commons

Илјадници луѓе во Русија излегоа денес да оддадат последна почит на последниот советски лидер, Михаил Горбачов кој почина во вторникот на 91 година.

Би-би-си јавува дека редици луѓе чекаа со часови да поминат покрај ковчегот во историската сала каде почиваат претходните советски лидери.

Сепак човекот кој го надгледуваше распадот на СССР и кој стави крај на студената војна не доби државен погреб. Претседателот Владимир Путин кој распадот го опиша како најголемата геополитичка катастрофа на векот, не присуствуваше на погребот со причина дека неговиот распоред веќе бил преполн.

Многу руси го обвинуваат Горбачов за воведувањето на реформите што според нив предизвика големи економски хаос и за дозволувањето да се распадне Советскиот Сојуз. Сепак, денес на улиците околу Домот на синдикатите, млади и возрасни излегоа да ја оддадат својата почит.

Либералниот политичар Григори Јавлински кој беше меѓу нив порача: „Овие луѓе дојдоа за да му се заблагодарат на Горбачов; да кажат – Ти ни даде шанса, но ние ја изгубивме“.

Покрај него, на погребот беше забележан и блискиот соработник на Путин, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Почина последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој стави крај на Студената војна