Дописници Ифтар за социјално загрозените семејства во Гостивар

Ифтар за социјално загрозените семејства во Гостивар

Ифтар за социјално загрозените семејства, вчеравечер во Гостивар организираше Црвениот крст и еден локален ресторан. Во пресрет на муслиманскиот верски празник, Рамазан бајрам, на ифтарот присуствуваа повеќе од 300 луѓе.

– Нашата соработка почна лани, кога првпат ги собравме ранливите категории граѓани на заеднички ифтар и успешно продолжи и годинава. Ова е гест преку кој сакаме да им пружиме и на оние со мал семеен буџет, да ја почувствуваат претпразничната атмосфера – изјавија од општинската организација на Црвениот крст.

Ифтарот се одржа во малиот парк до општинската зграда, а се собраа цели семејства и граѓани од сите возрасти.

Рамазанскиот пост, кој почна на 18 јуни, ќе трае до следниот петок, кога верниците ќе го прослават најголемиот муслимански празник Бајрам.