Свет ИД се закани дека ќе му ја отсече главата на Обама во...

ИД се закани дека ќе му ја отсече главата на Обама во Белата куќа

Радикалната сунитска група Исламска држава во најнов видеозапис директно му се закани на американскиот претседател Барак Обама, јавува „Фокс њуз“.

– Обама, знај дека ќе дојдеме во САД. Ќе ти ја отсечеме главата во Белата куќа, а Америка ќе стане муслиманска провинција – се наведува во видеоснимката.

Исламските екстремисти, исто така, ѝ се заканија и на Европа.

– Ова е порака за Франција и за нејзината сестра Велика Британија: ќе дојдеме и до вас, со автомобил-бомби и со експлозиви – се заканија џихадистите.