Свет Свет ИД пресече пат за снабдување на сириската војска

ИД пресече пат за снабдување на сириската војска

Во тек се борби на југоисточните премини на Алепо, кои се поделени меѓу режимските и бунтовничките сили, како и подрачјето околу градот Канасер.

Џихадистите на Исламска држава го пресекле патот кој режимските сили го користат за снабдување, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Алепо, најголемиот град во Сирија и некогашен комерцијален центар, е поделен меѓу режимските и опозициските сили, додека ИД ги држи источните предградија на градот.