Свет ИД погуби научник во Палмира

ИД погуби научник во Палмира

Припадниците на терористичката организација Исламска држава го погубија еден од најистакнатите експерти за антиквитети Калед Асад (81) во сирискиот град Палмира, пренесоа сириските државни медиуми.

Државната новинска агенција САНА и сириската Опсерваторија за човекови права соопштија дека екстремистите на ИД во вторникот му ја отсекле главата на Асад на плоштадот пред градскиот музеј.

Шефот на музејскиот оддел за антиквитети во Дамаск, Мамон Абдулкарим соопшти дека екстремистите подоцна го пренеле обезглавеното тело на Асад во музејот, каде видело на еден од римските столбови.