Свет Европа ИД не е скршена, планира напади во Европа, тврди уапсен џихадист

ИД не е скршена, планира напади во Европа, тврди уапсен џихадист

Борец на Исламска држава, уапсен на границата со Турција, изјавил дека ИД не е се распаднала туку дека нејзините борци се префрлени во Европа за да извршат напади.

Британскиот весник „Дејли мејл“ наведува дека турските безбедносни служби минатиот месеци го уапсиле дваесет и шестгодишниот Садам ал-Хамади на турско-сириската граница. Тој тврди дека ИД не се распаднала, туку дека нејзините борци го искористиле хаосот кој настанал при ослободувањето на Рака и побегнале кон европските држави во кои планираат напади.

Ал Хамади соопштил дека терористите преку Турција ќе влезат во Европа и ќе изведат терористички напади. Весникот наведува дека уапсениот признал дека помогнал при шверцување терористи во Рака, која се сметаше за главно упориште на ИД.

Уапсениот 18 месеци бил во редовите на ИД, а тврди дека регрутирал и многу борци од повеќе држави, вклучувајќи ја и Британија.